Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информираат дека покрај тековните активности во градот, нивните екипи деновиве своите активности ги прошириле и во околните населени места. Се расчистува отпадот, се косат тревнати јавни површини покрај улиците и тротоарите и се сечат грмушките и капините, поради зголемена прегледност за возилата и слободно движење на пешаците.

Со оваа акција се опфатени селото Велгошти, Лескоец, а во текот на утрешниот ден се продолжува во Косел. Акцијата ќе продолжи во сабота во Пештани, а во текот на наредната недела ке бидат опфатени Горно и долно Лакочереј, Подмоље и другите околни места.

OhridNews