По налог на општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец“ изврши расчистување на запуштен простор во населбата „Крум Точко“, на потегот кај река Грашница, Лабино и станбените објекти во оваа населба.
– Просторот се расчистуваше машински, бидејќи беше обраснат со трње, трева и депониран отпад. Целата вегетација е отстранета и просторот е расчистен, информираат од јавното претпријатие.
OhridNews












