На магистралниот пат А2 од Кичево кон Охрид, на излезот од село Ботун, во тек се превентивни активности за санација на свлечиштето, кое подолго време претставуваше потенцијална опасност за возилата и патниците. За таа цел, деновиве на овој дел од патот е поставена соодветна патна сигнализација и семафор за регулирање на сообраќајот.
Според информациите од ЈП „Македонијапат“ на овој дел од патот се изведува санација и потпора на ридот, со што ќе се спречи натамошната активност на свлечиштето. Од таму инфомираат дека работните активности за санацијата, се очекува да завршат пред почетокот на летната сезона.
Реконструктивни активности на патниот правец А2 во моментов се изведуваат и во делот на Кичево. Според она што може да се забележи, се работи за надградба на асфалтната подлога, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Е.М











