Со специјална машнина се сече ново поставениот асфалт на тротоарите на булеварот „Туристичка“ за да засади нов дрворед. Стариот беше исечен пред неколку месеци при реконструкцијата на тротоарите, со образложение дека дрвата го поткопувале тротоарот и ја оштетувале подземната инсталација која целосно беше заменета.

Активностите на надлежните доаѓаат по силните реакции во јавноста која изрази стравување дека дел од булеварот на излезот од Охрид кон Скопје ќе oстане без дрворед, бидејќи тротоарите целосно беа асфалтирани без да се остави простор за нови дрва. Случајот доби и политичка димензија откако локалната опозиција и власт отворија дебата за потребата од поголема вклученост на јавноста при преземање на вакви инфраструктурни зафати. Локалната самоуправа уверува дека реконструираните тротоари на булеварот „Туристичка“ соодветно хортикултурно ќе бидат уредени.

OhridNews