Антички Театар Охрид

Од 20.08.2023 - 21:00 до 20.08.2023 - 22:50

Со театарска претстава ,,Лагата” од Флоријан Зелер, во изведба на Драмски театар од Белград, а во режија на Никола Љуца, вечерва на Античкиот театар ќе биуде спуштена завесата на 63-то Охридско лето. Претставата почнува во 21 часот.

Колку се лажеме себеси и најблиските? Дали тоа го правиме од желба да ја заштитиме саканата личност или да се заштитиме себеси. Вака набројано, изгледа прилично прозаично, иако нуди можност за самодоволен одраз на лесна комедија. Мојата намера е да создадам претстава која живее во моментот со внимателно избрани актери, кои ја заведуваат публиката да гледа (само) забавна и провокативна комедија за модерниот живот. Сцената е реално богата, стан од средна класа. Актерите физички и емотивно им се предаваат на своите стравови и игри до крај. На моменти треба да изгледа како мешавина од современ булеварски театар и комедија. Меѓутоа, како што текстот почнува да се деконструира и вешто ги открива вистинските намери на ликовите, самиот процес се менува како нешто што е длабок психолошки реализам, кој е дури и премногу реален. Режисерската постапка ги засилува идеолошките нишки на драмата и ја разобличува самата суштина на театарската игра. – вели режисерот на претставата Никола Љуца.

Улогите во претставата ги играат: Милош – Милош Биковиќ, Тамара – Тамара Крцуновиќ, Миќко: Миодраг Радониќ, Јелисавета –  Јелисавета Теодосиќ.

Претставата трае 110 минути и не се препорачува за лица помлади од 13 години.

Г.М.