Сообраќајна незгода се случи утрово околу 10 часот на кружниот тек кај Здружение на возачи. Во незгодата учествувале патничко возило и мотор. Неофицијално возачот на моторот е хоспитализиран за да му се укаже лекарска помош. Причинета е и материјална штета.
На местото на настанот увид изврши сообраќајната полиција, која треба да ги утврди причините за незгодата.
OhridNews












