Сообраќајна незгода се случи попладнево на пресекот помеѓу улиците „Партизанска“ и „Ванчо Николески“, во која учествувале мопед и патничко возило, во услови на силен дожд и намалена видливост. Засега нема информации за здравствената состојба на учесниците во незгодата.
На местото на незгодата увид изврши сообраќајната полиција, а истрагата треба да гo расветли немилиот настан.
OhridNews












