Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за престанок на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во земјата со негативен ПЦР тест на КОВИД-19.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република С.Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат. – соопшти Владата.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во Службен весник.

OhridNews