Од денеска, екипи од општинските јавни претпријатија започнаа градежни активности на летната сцена  „Долни сарај“. Како што информираат од локалната самоуправа, предвидено е просторот на влезот од сцената да се пренамени во паркинг простор, а дополнително и хортикултурно да се уреди.  Големиот ѕид на влезот ќе биде срушен, а на негово место ќе се постави нова метална ограда. Внатрешниот простор ќе биде поплочен со бекатон плочки.

Предвидено е странично да се санира и потпорниот ѕид,  а ќе бидат поставени и ново осветлување и клупи за одмор. Според предвидениот план за работа се очекува градежните активности на овај простор да завршат на почетокот на идниот месец.

Од локалната самоуправа потенцираат дека со пренамената на овај простор, ќе се реши и проблемот на дел од жителите околу паркирањето на нивните возила.

OhridNews