Екипите на „Паркови и зеленило“ извршија расчистување на левата и десна страна покрај коловозот од улицата „АСНОМ“, на потегот од пресекот со улица „ Кеј Маршал Тито“ до пресекот со улица „Карпош Војвода“, како и потегот на ул.„Булевар Туристичка“ од бензиската пумпа до кружната сообраќајница.

Појасот покрај тротоарот и коловозот се расчистуваше од високите треви, а беа отстранети и гранки кои го попречуваа движењето на пешаците.

Од јавното претпријатие со апел до советите на станари и инвеститори, тековно да ги одржуваат дворните површини.

OhridNews