Службите на “Охридски Комуналец” ги уредуваат зелените површини на неколку локации низ градот. Денеска се вршеше рачно косење на тревата и  расчистување на просторот околу скалите кои водат од Долни Сарај кон Канео.

Се уредува и просторот околу коловозот на ул. „Кирил и Методиј” до Горна Порта, а ќе следуваат активности и на едносмерната улица која води од Горна Порта до комплексот згради на ул. „Крум Точко”.

OhridNews