Екипи од јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, извршија уредување на градскиот плоштад. Се отстрануваа старите садници кои беа од сортата „Виола” (очиња) кои се заменаа со нови сезонски садници од сортата „Џунџуле”. Поставени се висечки Петунии, а истовремено се  поставија и дополнителни пет клупи за седење.

Се расчистуваше и просторот кон црквата „Св. Спас” во село Лескоец, пристапните патишта како и центарот на селото.

OhridNews