Под влијание на нов влажен бран времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 л/м2. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Макксималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 13 степени Целзиусови
Во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег. Во четврток ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен, а во петок од северозападен правец.
Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата, информира УХМР Македонија.
OhridNews












