Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишно лице од Струга.

„ На 25-ти април годинава, пријавениот, во продавницата за електо-материјали во Струга, предизвикал караница со сопственикот на продавницата и ја загрозил неговата сигурност. Настанот се случил околу 13 часот кога, сега пријавениот влегол во продавницата за електо-материјали „Солун“ лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Притоа, побарал бакарен кабел со должина од околу 400 метри за монтирање на терен со ветување дека подоцна ќе го плати. На тоа, сопственикот на  продавницата му одговорил дека најпрво треба да плати, а после да го добие кабелот, по што, пријавениот, му упатил сериозни зборови заканувачки по неговиот живот. Потоа, изреволтиран излегол од продавницата, од возило извадил чекан и се упатил кон сопственикот на продавницата сакајќи да го нападне, информира портпаролот на СВР Стефан Димоски.

Во таа намера, пријавениот бил спречен од лица од обезбедувањето кои му го одзеле чеканот.

OhridNews