СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при караница или тепачка”.
На 6-ти мај, околу 1.20 часот, пријавениот дошол во пекара лоцирана во трговскиот центар Амам и барал од продавачките нешто за јадење без да плати. Еден од вработените кој што работел внатре во пекарата, откако тоа го видел му се јавил на својот татко кој веднаш тргнал кон пекарата, но бил пресретнат од пријавениот кој во раката држел нож. Почнал да вика на висок тон и да му упатува закани и навреди, затоа што наводно продавачките во пекарата не му давале јадење.
Лицето се обидело да го смири 25-годишниот охриѓанец по што тој го ставил ножот во џеб, но во еден момент со тупаница го удрил по лицето и побегнал.
Нападнатиот се упатил во охридската Општа болница заради укажување на лекарска помош по што настанот го пријавил во полција.
OhridNews












