Владата на вонредна седница одлучи да се затворат сите гранични премини во земјата, објави вечерва на прес конференција Министерот за здравство Венко Филипче.

Се затвараат сите гранични премини за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на претставниците на дипломатскиот кор, како и за други лица, за кои МВР ќе даде посебна дозвола по препорака на главниот координативен штаб, а кои ќе можат да влезат во земјата под посебни протоколи. – истакна Филипче.

Министерот за здравство објави дека со одлука на Владата се затвора и Аеродромот во Скопје.

Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, граничниот премин, освен за државни, воени, карго, медицински и карго летови, 48 часа по влегувањето на сила  на оваа одлука. – информираше Филипче.

Покрај овие мерки, МВР ќе презема дополнителни мерки за проверка на лицата кои треба да бидат во самоизолација, нагласи министерот Филипче.

Инаку, претходно попладнето заседаваша и Советот за безбедност, кој не препорача воведување вонредна состојба на територија на целата држава, со образложение дека мерките кои ги преземаат надлежните институции се соодветни на кризата и во согласност со протоколите на Светската здравствена организација

OhridNews