Во Охрид и денес продолжуваат активностите за сеча и замена на дрворедите од улицата „Партизанска“ во строгиот охридски центар. Оваа акција, која пред неколку години се спроведе на улицата „Димитар Влахов“ и наиде на жесток отпор и реакција од граѓаните, повторно ги подели мислењата на охриѓани.

Од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информираа дека липите ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигиструм, кои се отпорни на временски промени.

Искуството со дрворедот по ул. „Димитар Влахов“ покажа дека овие дрва кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длабок корен.“ –  велат од јавното претпријатие.

Дел од граѓаните реагираат поради недостигот од зелени површини во строгиот охридски центар, но и дека во летниот период, дрвата на овие фрекфентни сообраќајници штитат од пеколните горештини.

Колку време ќе се чека за новите дрва да формираат крошни и да не штитат од евентулни пеколни горештини во летниот период. Требаше повторно да се слушнат мислењата на независните експерти и граѓаните.“ – реагираат охриѓани.

Пред неколку години, поради сечата на децениските липи од улицата „Димитар Влахов“, по социјалните мрежи се водеше жестока дебата, а локалното Супер радио  ја отпочна акцијата „Спас за дрвјата во центарот на Охрид“.

Во рамките на тогашниот проект беа отстранети 53 садници липа од улицата „Димитар Влахов“, на чие место беа засадени 80 садници „Лигуструм“.

Од „Охридски комуналец“ со апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на улицата  „Партизанска“ во периодот од 6 часот до 12 часот денеска, вторник -20.05.2014 год. : потег УИНТ „Св.Апостол Павле“- Мал полигон, среда -21.05.2014 год. : потег Мал полигон- Католичка црква;  и четврток -22.05.2014 год. : потег Католичка црква-Комерцијална банка.

OhridNews