Денес се одржува седница на Советот на јавни обвинители на која треба да се утврди дали има елементи за разрешување на Јанева врз основа на барањето за притвор од Обвинителството за гонење на организиран криминал. На седницата присуствува и шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, која пред Советот ќе образложи зошто Јанева е осомничена во истрагата за рекетирањето.

Советот може да почне постапка за разрешување на Јанева врз основа на констатација за незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Ако Советот одлучи да ја разреши Јанева со мнозинство гласови, ќе биде изготвен Извештај, кој го праќа на одобрување во Собранието.