Лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, демантира дека партијата ќе ја напушти владината коалиција по локалните избори. Села во изјава за „Алсат М“ тврди дека станува збор за шпекулации што ги шири Демократската унија за интеграции за потребите на локалните избори.

– Станува збор за дезинформации што ги шири ДУИ во функција на локалните избори сакајќи да ги заплаши луѓето онака како што постапувале секогаш. Тоа не е воопшто точно затоа што за тие прашања не одлучува ДУИ. Ние во Владата сме главни носители на реформите што таа ги прави и сме гарант за реформите. Не може гарант за реформите да биде политички субјект што создавал проблеми, како што е ДУИ. Затоа, станува збор само за шпекулации и пропаганда на ДУИ, ништо повеќе – вели Села.