Кривичните дела од областа на семејното насилство во Охрид во 2009 година бележат намалување. Според статистичките показатели, во деветте месеци од оваа година, на подрачјето на Општина Охрид, регистрирани биле 24 кривични дела,  седум помалку од минатата година кога во истиот период биле регистрирани 31 дело од областа на семејното насилство.

Од регистрираните кривични дела во Охрид, најзастапено е делото „телесна повреда“  – 18.

Најчести жртви на семејно насилство се жени.

Ohridnews