Синпќа во 21:35 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај с.Ботун, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишиле од слобода 29-годишен жител на с.Чучер Сандево, скопско.

При превземање мерки, полициските службеници запреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

Исто така синоќа,  во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 46-годишен охриѓанец,  по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка и фрлал тврди предмети кон домот.

Тој бил приведен во полициска станица и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, каде што издржувал казна затвор, а бил пуштен на викенд отсуство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Во друг случај, синоќа во 20:10 часот во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 49-годишен охриѓанец.

Според пријавеното, околу 19:30 часот во домот каде што живее тој со неговиот татко и сестра, настанала расправија помеѓу него и неговиот 44-годишен брат, по што тој со стаклен предмет ја нападнал сопругата на брат му, а откако влегле во возилото, останатите членови на семејството му кажале дека извадил пиштол и барале да си оди побрзо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

OhridNews