30 години зборувавме за НАТО. Денеска одбројуваме до полноправно членство. Денес НАТО е реалност. 70 години по основањето на Алијансата, стануваме 30-та, најмлада членка на НАТО, но еднаква и рамноправна, рече на денешната прес конференција заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

  • 25 земји членки ги завршија ратификациските процедури во нивните парламенти. Синоќа и Соединетите Американски Држави ратификуваа со убедливо мнозинство од 91 глас за, а само два против. Успешно ја приведовме кон крај една од двете најважни стратешки цели на нашите граѓани, додаде Шеќеринска.

Како што потенцира заменик претседателката на СДСМ, да се биде дел од НАТО е предуслов за раст на економијата и отворање на работни места, и дека членството дава можност  за еднаква шанса на домашните економски оператори да учествуваат на тендерите за јавни набавки на НАТО.

  • Ја дуплиравме нашата одбранбена секција во НАТО. Се вративме во Монс. На воените аташеа во Вашингтон, Берлин и Анкара, го додадовме и Париз. Испраќаме наши старешини во состав на главните команди на НАТО и со тоа даваме наш полн придонес кон мисиите и задачите кои ги остварува Северноатлантската алијанса. Изработивме План за опремување и модернизација на вооружените сили, како дел од Долгорочниот план 2019-2028. Нашата Армија ќе се модернизира и ќе ги подобри оперативните способности, додаде Шеќеринска.

OhridNews