Кандидатот за премиер од редовите на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Радмила Шекеринска го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на телевизиско соочување.

Наведувајќи дека до изборите на 5 јуни останаа уште само 12 дена, Шекеринска истакна дека Груевски во изминативе недели веќе одби едно телевизиско соочување.

„Денеска, сакам да му понудам уште еден ТВ дуел. Никола, страв ти беше да прифатиш со Бранко да зборуваш за минатото. Те повикувам денеска да собереш храброст и со мене на ТВ дуел да говориш за иднината“, рече Шекеринска.

Според неа, доколку Груевски го одбиел дуелот со неа, ќе станело јасно дека тој немал што да им понуди на граѓаните.

OhridNews
извор: „Макфакс“