Денеска -13 август се навршуваат шест години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија.

Документот, кој е познат и како Охридски договор, во 2001 година во Скопје го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Во својство на гаранти документот го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

До договорот за кој до денес постојат поделени мисења во јавноста, се стигна по преговорите што се водеа во вилата „Билјана“ во Охрид. Тој денеска во потполност е имплементиран во Уставот на Р. Макдонија.

ohridnews