Фудбалерите на Шкендија успешно ја поминаа втората квалификациска  рунда елиминирајќи го Ботошани и закажаа пресметка со англискиот премиерлигаш Тотенхем. Мечот против европскиот вицепрвак од 2019 година ќе се игра на 24 септември.

Тетовските „црвено црни“ маестрално го отворија натпреварот и поведоа уште во 2-та минута. Стрелец на голот беше првата виолина Бесарт Ибраими. Составот на Ботошани во продолжение од мечот нападна, но Шкендија со добра и организирана игра ја задржа предноста. Македонскиот претставник не потклекна и кога остана со играч помалку.

Голот на Ибраими

Шкендија ќе биде наш единствен претставник. После тимот на Ренова кој претрпе пораз од Ренова отпадна и Силекс. Кратовчани изгубија од Дрита со 2-0.

OhridNews