Традициите се создаваат и постојат за да се негуваат и чуваат. Тие се дел од битието на народот. „Љуѓе прает, љуѓе расипвет“ – вели една позната охридска изрека. Галиба, кај нас повеќе се расипува отколку што се прави.  Пример за тоа е поигрувањето со децениската традиција на Охридскиот пливачки маратон.

Веста дека поради финансиски проблеми, а ги има многу повеќе од само финансиски, но за тоа во следна прилика, ќе биде прекината прекрасната спортска традиција на одржување на Охридскиот пливачки маратон во било каква форма, оти ФИНА има нови правила што може да влезе под нејзина капа, ја разбранува јавноста. На социјалните мрежи бура од реакции, коментари и незадоволство.

Други пак се прашуваат како за ваква манифестација државата нема пари, а има за други настани и забави на кои се трошат огромни суми народни пари има.

Охридскиот пливачки маратон ќе го спасува Општина Охрид. Градоначаникот Пецаков денеска изјави дека ќе биде направено се настанот да се одржи, а од следната година целокупната организација ќе ја преземе градот.

Граѓаните даваат и предлози како да се спаси Охридскиот пливачки маратон, укиажувајќи дека Охрид има дете што може да ја изнесе на грб манифестацијата.

Дел од граѓаните, пак, очекуваат истрага и целосно расветлување на случајот, но и одговорност од тие што придонеле манифестацијата да се најде во незавидна состојба. Дека нешто е труло во Пливачката федерација потврди и градоначалникот на Охрид кој на прес конференција изјави дека случајот со Охридскиот пливачки маратон ја отворил пандорината кутија.

Прв пат Охридскиот пливачки маратон се одржа во 1962 година. Се пливало од Пештани – Струга а најбрзи на патеката долга 36 километри биле Египќанецот Абдел Латиф Абу Хеиф во машка и македонската пливачка легенда Атина Бојаџи во женска конкуренција. Поради земјотресот во Скопје наредната 1963 година маратонот не се одржува, а продолжува од 1964 до 1966 година, по што следи децениски прекин. Охридскиот пливачки маратон се возобновува во 1992 година. На 30 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид триумфираа Павел Рамдисек од Словачка и нашата Теодора Раптис. Триесет години оттогаш Охридскиот пливачки маратон се одржуваше без прекин со подеми и падови, а стана и дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Рекордер е бугарскиот пливач Петар Стојчев со 11 победи.

OhridNews