– Низ Охрид се поставени десеттина билборди, нарачани од страна на локалната самоуправа кај фирма која пред неколку недели добила дозвола за поставување. Ако се земе во предвид дека за купување на еден билборд треба да се платат од 800 до 1. 000 евра, тоа значи дека ова непотребно рекламирање охриѓани ги чини околу 10. 000 евра. Прашуваме дали оваа нарачка е направена од страна на кандидатот Митре Велјаноски, кој и самиот работи во Локалната самоуправа со цел покривање на трошоците на неговата изборна кампања и дали е ова уште едно безмилосно трошење на парите на охриѓани за партиски цели на СДСМ, рече Шокароски.
На средбата со новинарите, Шокароски презентира дел од изборната програма на ВМРО- ДПМНЕ од областа на здравството. Инвестирањето во набавка на современа апаратура и медицинска опрема, унапредувањето на стандардот на лекарите во болниците- е само дел од планираните проекти на партијата од областа на здравството.
Шокароски потенцира дека со изградбата на новиот дел при Општата болница и Здравствениот дом дополнително ќе се придонесе кон зголемување на квалитетот на здравствените услуги во Охрид.










