Репрезентацијата на Шпанија е нов светски првак, откако во финалето на Мундијалот што се одигра вечерва во Њујорк/Њу Џерси, САД, го совлада шампионот од Катар од пред 4 години Аргентина со 1:0. Голот вреден светска титула го постигна Феран Торес во 106 минута од натпреварот на асистенција на Нико Вилијамс.
Spain have added another star above their crest 🌟#FIFAWorldCup pic.twitter.com/sFvm9NE2Lz
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 19, 2026
Шпанија беше подобар противник во текот на целиот натпревар во кој по 90 минути игра немаше голови, па се отиде во продолженија. „Фуријата“ имаше повеќе од играта и создаде повеќе шанси. Аргентина која од самиот почеток се ориентираше кон дефанзива речиси не создаде прилика во нападот. Шпанците имаа 20 удари кон голот, 12 во рамки, а Аргентина само 2, ниту еден во рамките на голот. Аргентина продолженијата од средбата ги одигра со фудбалер помалку по исклучувањето на Енцо Фернандез.
🇪🇸✨#FIFAWorldCup pic.twitter.com/8IPuSnlsql
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 19, 2026
За Шпанија ова е втора титула Светски првак, колку што имаат Уругвај и Франција. Аргентина останува на освоените три титули. За „Гаучосите“ ова беше четврто загубено финале, додека шпанците имаат два од два (2010, 2026).
На патот до пехарот Шпанија прими само еден гол.
Champions.#FIFAWorldCup pic.twitter.com/h7BTVx8R6A
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 19, 2026
За најдобар млад фудбалер прогласен е тинејџерот на Барселона и репрезентативец на Шпанија Кубарси. Голманот на Шпанија Унај Симон е прогласен за најдобар голман. Тој 665 минути не прими гол на Светското првенство и го собори рекордот на Италијанецот Валтер Ѕенга. За најдобар фудбалер прогласен беше Родри од Шпанија. Најдобар стрелец на Светското првенство е Мбапе со 10 гола. Фер плеј наградата на ФИФА ја доби репрезентацијата на Холандија.
Следното Светско првенство во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко.
Г.М.
Фото: ФИФА I X













