Избледени патокази и информативни табли без содржина. Вака изгледа дел од пратечката инфраструктура во националниот парк Галичица, која ги збунува посетителите, регагираат љубители на природата од Охрид. Тие изминатиот викенд биле на прошетка со пријатели од Словенија на Галичица каде на повеќе места забележале несоодветни патокази.
Планината Галичица е се попосетена од домашни и странски туристи, оттаму би било добро да се постават соодветни информативни табли и патокази, велат љубителите на природата од Охрид.
OhridNews














