Во главниот град, денеска, забележан е познатиот актер Горан Стојаноски во придружба на модели со логото на специјализираниот авто салон за продажба на користени возила од Охрид „Терен ауто плус“.

Како што дознаваме, тие во студиото на „Kumev brothers“ снимаат креативна кампања за „Терен ауто плус“, во најнова видео технологија, која е врв во светот на маркетингот.

Организаторите засега не откриваат детали, освен тоа дека креативната рекламна кампања на специјализираниот авто салон за продажба на користени возила од Охрид „Терен ауто плус“, со популарниот актер Горан Стојаноски, наскоро ќе биде во „етер“, а ќе се емитува на Интернет, Фејсбук, Инстаграм и You tube.

OhridNews