Вчера во Лисабон, Португалија се одржа извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство 2028 година.

Македонија во пресрет на ждрепката беше дел од вториот шешир, а по извршеното извлекување ќе настапува во групата 8, заедно со репрезентациите на Шведска, Грција и Луксембург, соопшти Ракометната федерација на Македонија.

Нашата селекција ја очекува интересен и предизвикувачки квалификациски циклус во борбата за ново учество на големо натпреварување.

РФМ

ЕХФ ЕУРО 2028 ќе се одржи во Португалија, Шпанија и Швајцарија во период од 13 до 30 јануари 2028 година.

OhridNews

Фото:: РФМ