Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вила „Билјана“ се сретна со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски.

Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог. Разменивме мислења за актуелните регионални, европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот Самит на процесот Брдо-Бриони, којшто во ноември ќе се одржи во Охрид. Ја истакнавме важноста од негување на добрососедските односи и соработка, објави Сиљановска-Давкова.

Српскиот премиер вчера имаше тет-а-тет средба со Мицкоски. На средбата биле разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави.

Била потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион.

 

OhridNews