Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар,во 12.30 часот регистриран е силен земјотрес во Албанија, кој беше почувствуван и во Охрид.

Земјотресот со јачина од 4.4 степени е регистриран на 43 километри северо-источно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Во 12.16 часот регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 2.8 степени на 40 километри сверо-источно од Тирана, со длабочина од 2 километри.

OhridNews