Една од најатрактивните музички вечери ова лето во Охрид ќе се случи вечерва во Кампинг Љубаништа каде свој концерт ќе одржи охридскиот музичар со интернационална кариера Владимир Четкар.

Уникатната локација на самиот брег на Охридското Езеро, зајдисонцето, музиката и амбиентот на Љубаништа се ветуваат поинакво летно музичко доживување. Концертниот настап на Четкар е закажан за 21:30 часот.

Програмата стартува со Sunset Session со DJ Face, по што на сцената ќе настапи Владимир Четкар. Забавата ќе продолжи и по концертот, со Late Night Disco Session со DJ Chvare од 23:30 часот.

Организаторите се погрижија патувањето до Љубаништа да биде дел од целото доживување. Обезбеден е бродски превоз Охрид – Љубаништа – Охрид со бродовите „Александрија 1“ и „Александрија 2“.

OhridNews