
При претресот биле пронајдени едно мало пакување со непозната тревкаста материја, еден шприц со непозната темна течност, една бела најлонска ќеса со мала количина непозната тревкаста материја и една најлонска ќеса со 11 шприцови со непозната темна течност, додека во дворот биле пронајдени уште шест пакувања непозната тревкаста материја. Пронајдените предмети се фото-документирани и подигнати за вештачење. А.Ѓ. е приведен во НК КР Струга за понатамошна постапка.
OhridNews











