СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“.
Во периодот од 25-ти март до 14-ти април годинава, на паркинг просторот во комплекс Св.Наум и на паркинг просторот на Музеј на вода, пријавениот со употреба на подесен алат и физичка сила извршил тешки кражби во пет патнички возила (една во обид) и минибус.
При тоа, противправно одзел парични средства, мобилни телефони, камери, фотоапарат и други предмети.
OhridNews












