Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на П.Шапка,Маврово, Стража,Плетвар, Страцин и К. Паланка кој во моментов не се задржува на коловозот, информира АМСМ.

Појава на магла со видливост до 150 метри има кај Страцин.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. 

OhridNews