Во преполниот и култен Jazz Inn во Охрид, синоќа владееше атмосфера исполнета со смеа, аплаузи и провокативни шеги. Во рамки на 8. издание на „Summer Comedy Marathon“, шоуто „Црн хумор“ уште еднаш покажа дека добрата комедија не познава забранети теми.

 

Зоран Донев, Јован Цветкоски, Никола Братучед Сиљаноски, Никола Тодороски и Илија Богданоски, со своите оригинални настапи приредија вечер исполнета со смеа и одлична енергија.

Фотографиите најдобро ја доловуваат атмосферата од уште една незаборавна фестивалска вечер на „Summer Comedy Marathon“ кој веќе осум години е омиленото летно собиралиште на љубителите на добриот хумор.

Смеа без кочници: „Црн хумор“ донесе вечер за паметење во Jazz Inn

Кулминацијата на „Summer comedy marathon“ ќе биде на 13 август, кога на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одржи големото финале – јубилејно шоу „Опстанок“ со кое стендап комичарот Никола Тодороски ќе одбележи 15 години кариера. На спектакуларната завршница специјални гости ќе бидат Тино и Атанас, шоуто ќе го отвори Никола „Братучед“ Сиљаноски, а за дополнително вжештување на атмосферата ќе биде задолжен DJ Face.

Билетите се во продажба и може да се набават онлајн преку платформите TIX.MK и HAHAHA.MK, а влезници за големото финале ќе има и на продажното место кај Аждер во охридската чаршија.

Г.М.