Утрово планините околу Охридското Езеро осамнаа под снежна покривка. Снег има речиси до половина Петрино, на Галичица и на планината Јабланица. Снегот значително ги спушти утринските температури кои во најголем дел од земјата беа под нулата.
Студено ќе биде и во текот на денот. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава (на моменти со брзина и над 90 км/час). Максималната дневна температура во Охридскиот регион ќе достигне до 9 степени Целзиусови.
Во петок ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на повеќе места ќе бидат околу или под нулата, информира УХМР Македонија.
OhridNews












