Поради постоење основи на сомнени за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 41-годишен охриѓанец.

  • Казненото дело го извршил на први овој месец во 00,20 часот пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид каде пристигнал со патнички автомобил марка „БМВ“. Притоа, возилото го искачил до третото скалило во обид, со автомобилот  да влезе во казиното, по што избегал од местото, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со извршувањето на казненото дело, сега пријавениот предизвикал чувство на несигурност и страв кај вработените и останатите гости во казиното.

OhridNews