Со богата програма Охрид ќе одбележи 82 години од ослободувањето на градот. По повод 7-ми Ноември Општина Охрид организира бројни културни, свечени и пригодни активности.
Во рамки на програма која започна од денес па се до 7-ми ноември 2026 година, опфатени се промоции на книги, одбележување на патрони празници, изложби, концерти, полагање на цвеќе пред спомен обележјата на хероите….
Свечената академија ќе се одржи на 6-ти ноември на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, од 19:00 часот. Предвидено е обраќање на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и музичко-сценски перформанс.
OhridNews



















