Брзата интервенција на екипите од ТППЕ Охрид спречи проширување на пожарот кој изби вчера во текот на вечерните часови во Стариот дел на градот (Месокастро) на околни објекти и паркирани возила, при што спречени се и поголеми материјални последици.

Пожрот беше пријавен во 21:50 часот на улицата „Нада Филева“ каде беа опожарени борови дрва и трева. Интеревнирано е со едно возило и тројца пожарникари, информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски.

Од ТППЕ Охрид посочуваат дека секое предизвикување на пожар (намерно/невнимание) е кривично дело, потенцирајќи дека над 95% од пожарите се предизвикани од човечки фактор.

Согласно нашите планови за ПП заштита на Охрид и Дебрца, Стариот дел на градот е од висок безбедносен ризик, со оглед на културното -историските споменици кои мора да ги сочуваме, автентичната збиена архитектура каде што имаме голем ризик од блоковски пожари. Како дополнителен проблем се тесните улички, паркирани возила итн., велат од ТППЕ Охрид.

Апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да бидат општествено одговорни и совесни.

Н.С.Ј.