Со дефиле низ охридските улици, денеска општинската Територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија.

Најмладите од охридските основни училишта, односно од Детската градинка од Лескоец, имаа можност да се запознаат со опремата на ТППЕ Охрид, односно да се запознаат со начинот на работа на пожарникарите.

Имавме посета од дечињата од детската градинка од Лескоец, односно од најмладите ученици од основните училишта. Беше презентирана опремата со која располагаме, но и со начинот на работа на ТППЕ Охрид. Исто така, на младите им беа одговорени некои прашања што треба да ги знаат, како што е бројот на пожарната и како треба да реагираат доколку се најдат во ситуација во која има опасност. На крајот, сите заедно имаа можност да се повозат со возилата кои беа излезени по улиците.“ – вели  Горан Маркоски, заменик-командир во ТППЕ Охрид.

Инаку, на 20-ти мај 1836-та година во Битола е формирано првото доброволно противпожарно друштво, поради пожарот од 1834-та, во кој изгореле 2100 дуќани и индивидуални куќи.

Првите петнаесет пожарникари кои го формирале друштвото, кај народот се познати како Јангаџии или Тулумбаџии.

OhridNews