Бутик „Емили“ кој секогаш внимателно ги следи модните трендови, деновиве реализира ексклузивна фотосесија со најновите парчиња облека.
Викторија Алексовска, Јасна Стојаноска, Христијан Колевски ги претставија новите модели на свечени фустани, костуми и венчаници, кои пристигнаа во бутик „Емили“. Фотосесијата ја реализира Кристијан Љушев, – “Шпанец продукција.“
Бутик Емили има за цел да оствари сечиј сон, исполнет со цел спектар на бои и несекојдневни уникатни модели кои го претставуваат врвот на елеганцијата. – порачуваат од познатиот моден бренд.

Најновата колекција во бутик „Емили“ ќе ја најдете на добро познатата локација во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид.
Фото галерија:
Eксклузивна фотосесија со најновите модели на бутик „Емили“
OhridNews




























