По повод чествувањето на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, викендов во Охрид се одржа свечен концерт во црквата „Св. Софија“.

Пред 150 присутни охриѓани и туристи од Македонија и странство, настапи растечка генерација македонски пијанисти од повеќе градови од Македонија под уметничко раководство на проф. М-р Кристијан Каровски.

На прославата присуствуваше висока делегација од Амбасадата на Руската Федерација, како и претставници на Македонската Православна Црква, Дебарско-Кичевска епархија. Воведна реч за делото на солунските браќа одржа проф. др. Красимира Илиевска.

На концертот му претходеше свечено положување цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј во градскиот парк. Успешната прослава е со тенденција да стане традиционална.

OhridNews