СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

На 07.04.2017 година околу 09.50 часот на улицата „Галичица“ во Охрид пријавениот пресретнал 83-годишно лице од село Негорци, гевгелиско, лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и тави во Битола.

Потоа, бесплатно, на оштетениот му дал комплет тенџериња и тави под изговор дека не можел да ги враќа предметите. Откако продолжиле со разговор на оштетениот му побарал да му позајми 550 евра за да си купи авионска карта. Откако му побарал уште 550 евра и бил одбиен од оштетениот, пријавениот ги зел 550-те евра (33000 денари) и  се оддалечил во непознат правец.