Попладнево, носителот на листата на кандидати за пратеници во 5- та изборна единица, Антонио Милошоски, во присуство на кандидатите за пратеници од ВМРО- ДПМНЕ од Охрид и раководството на Општата болница, свечено пушти во употреба компјутерски  томограф. Како што потенцира Милошоски, овој современ апарат ќе ги задоволува потребите на пациентите од целиот регион.



Денешното пуштање во употреба на компјутерскиот томограф е од особено значење затоа што тоа се случува  по изминати 25 години од последното набавување на современ апарат во некоја од јавните здравствени установи во Охрид и Македонија, рече Милошоски.

Како што инфоормира директорот на општата болница, д- р Љубен Арнаудов, за набавка на томографот потрошени се 800. 000 евра од страна на владата, во кои со 30. 000 евра учествувала и самата болница во однос на опремување на просторијата во која е сместен томографот.

Просторијата во која се наоѓа томографот е опремена според најсовремени светски стандарди. Со неговата примена ќе може да се дава високософистицирана дијагностика која пациентите ќе ги чини многу помалку од колку во приватните ординации, рече Арнаудов.


Во текот на денот, Милошоски се очекува да ја отвори и новата амбуланта во селото Трпејца, која како што истакна Милошоски, ќе пружи и подобри здаравствени услуги на жителите и туристите во летниот период.

Т. К.