На 6 мај (сабота) со неколку активности ќе се одбележи Денот на реката Дрим 2017. Програмата ќе започне во 9.30 часот на Градското пристаниште, со еко-караван со теренски возила кој ќе се упати кон селото Косел. Ќе бидат посетени и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј при што ќе се одржат  јавни средби со жители од селата и дискусија на тема: Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра еколошка состојба.

Од 10 до 12 часот ученици од Струга ќе извршат посета на станицата за пречистување комунални отпадни води, с. Ложани, а предвидена е и јавна дискусија: Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра еколошка состојба- село Орман. Дискусијата ќе ја отворат претставници од ЕД „Грашница”, ќе се обратат Стево Темелковски, заменик-министер во Министерство за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски, национален координатор на ГЕФ проектот: „Овозможување прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во поширокиот слив од реката Дрим”, презентер ќе биде: Ванчо Стојаноски, фармер.

OhridNews