Со полагање свежо цвеќе на бистата на Христо Узунов во дворот на училиштето кое го носи неговото име, денес, започна одбележувањето на Патрониот празник на охридското основно училиште. При тоа се одржа и историски час, а беа доделени и награди за најдобрите ученици.

Вечерва, во 18.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на детски ликовни творби, а во 19 часот ќе започне свечената приредба на која ќе биде прогласен првенец на генерацијата, по што ќе следи настап на учениците од драмско- рецитаторската секција, хорот и оркестарот на училиштето под раководство на наставниците Наде Групче, Вера Булоска, Илија Булоски и Стефанка Анѓелоска.

Во недела 23-ти април, во 18 часот ќе започне Меѓународен фолклорен фестивал, а во понеделник во селото Цер ќе се одржи Панихида и свечена програма по повод 112 –годишнината од смртта на Христо Узунов.

OhridNews