Со изведба на претставата „Суд за морални вредности“ од театарската група на Црвен крст Охрид, вечерва со почеток во 20 часот, во предворјето на црквата „Св. Софија“ започнува првиот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

На овој пет дневен младински театарски фестивал, својот актерски талент, низ шест театарски претстави ќе го прикажат над 100 талентирани млади актери-аматери од Охрид, Кичево, Ужице и Крагујевац, што воедно ќе отвори можност за сплотување на театарски групи од градот и соседните држави, соработка, размена на искуства и стекнување нови пријателства.

Фестивалот е во рамки на програмите на Црвен крст за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите.

OhridNews